Сопственикот на порталот „ДоказМ”, Марјан Стаменковски синоќа од затворот „Скопје“ бил префрлен во болница, пренесува „Макфакс”.
Директорот на затвор „Скопје“, Филип Андов, изјави дека Стаменковски е однесен во Клинички центар „Мајка Тереза“.
Стаменковски е во притвор повеќе од еден месец и се гони дека сторил две кривични дела – ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, а потоа и уцена, пиратерија на аудиовизуелно дело, злоупотреба на лични податоци.
Досега се одржаа неколку рочишта, на кои, Стаменковски се сретна со оштетените во процесот, кои биле негов таргет. Тој засега не признава вина и реши да се брани и да докажува дека не сторил ништо незаконски.