Конфедерација на синдикални организации на Македонија бара да се доработи Законот за работни односи бидејќи како што велат во него има многу нејаснотии. Бараат од Власта уште една средба на која ќе учествуваат сите засегнати страни, како и стручната фела и невладиниот сектор со што би се добило едно законско решение кое се повеќе ќе ги доближи ставовите на работниците и работодавачите. Претседателот Марјан Ристески вели дека законот е чекор напред и е за поздравување, но сепак потребна е негова интервенција. Од разговорите кои КСОМ ги имале со работодавачите, тие се подготвени да поднесат иницијатива за испитување на законитоста пред Уставниот Суд, а според нивни проценки голема е и веројатноста да падне.

-Што се однесува околу измените на Законот за работни односи, во делот за работа во недела, се јавуваат многу реакции од поедници, од работодавачи, од стручната фела, од работници од Стопанска Комора.
Ние како Конфедерација ја разгледуваме оваа состојба.

Мора да го поздравиме законот, кој носи подобрување но меѓутоа овие нејаснотии сега што се јавуваат, влеваат некоја несигурност.

Како престедател на КСОМ (Конфедерација на синдикални организации на Македонија), во разговори со колегите и нашиот правен тим, сметаме дека ќе има потреба за уште една средба со Власта. Дали тоа ќе биде на ниво на Социјално-економски совет каде што учествуваа, Министерот за труд и социјална политика, Вицепремиерот за економски прашања, Министерот за економија, работодавачите, синдикатите, да се разгледа уште еднаш, бидејќи во неформални разговори што ги имаме со одредени работодавачи јавно најавуваат дека се подготвени да го дадат законот пред Уставниот Суд. И по она што ние го разговаравме со одредени правници, доколку овој закон го дадат на Уставен Суд, постои голема можност дека ќе падне. На пример во делот на исплата, на едни работници им се ислаќа 100 посто на други 50 посто, постои можност овој закон да падне на Уставен.

И затоа ние апелираме, ќе имаме и допис, ќе побараме уште една средба на Социјално-Економскиот Совет во поширок состав, каде ќе учествуаавт министрите, синдикатите, стручни лица, невладини организации, сите ќе бидат добредојдени за конечно да се направи уште некоја измена. На пример и во делот на туристичките центри, да се додефинира, да се види што како, затоа што сеуште постојат одредени нејаснотии за тоа кој се може да работи, ексклузивното право на Министеротр за труд и социјала…

Ние сме подготвени и ќе аплираме за уште една средба. Не би сакале овој закон да заврши на Уставен суд и да биде поништен. Со одредени корекции, да се слушнат сите ставови на сите засегнати страни што се однесува во делот за работа во недела и конечно да се најде едно решение, кое можеби нема да ги задоволи сите страни, но сепак ќе ги проближи ставовите во делот на работниците и работодавачите, вели Ристески за Лидер.