Музичарот Мартин Филиповски од дуото „Некст Тајм“ стана татко. Неговата сопруга, ракометарката Андреа Белеска на свет донесе девојче кое го доби името Лиана.
Мартин и Андреа се заедно од 2015-та година, а во 2022-ра година тој ја запроси ракометарката во интимна атмосфера.
Потоа, црковната венчавка се одржа во родниот град на ракометарката Андреа во Кичево.
Инаку, Мартин и Андреа неколку години ја одржуваа врската на далечина.
Андреа прво играше за ракометниот клуб „Металург“, за турскиот клуб „Јенимале“, романската „Валчеа“, шведскиот „оден“ и грчкиот „ПАОК“.