Тие додаваат дека сегашната ситуација е во спротивност со европските стратешки интереси за стабилност на Западен Балкан.
Ние сме крајно загрижени што не успеавме да започнеме преговори со С. Македонија и Албанија и покрај фактот што Советот донесе одлука за тоа во март 2020 година. И двете земји направија низа реформи, додека С. Македонија инвестираше висок политички капитал во проширувањето, па дури и го смени своето име. Време е ЕУ да ги исполни своите ветувања. Словенечкото претседателство ќе ги продолжи овие напори и ќе ги надоградува досегашните достигнувања“, се вели во заедничката изјава на министрите.