Откако најбогатиот човек на светот, Илон Маск, ја купи компанијата „Твитер“ за 44 милијарди долари, тој најави најави голема промена која ќе се случи на социјалната мрежа.
Во првата порака што ја сподели на социјалната мрежа, која сега е во негова сопственост, Маск соопшти дека „Твитер“ ќе се бори за овозможиување на слободата на говор.
Слободата на говор е камен-темелник за функционирање на демократијата, а „Твитер“ е дигитален градски плоштад каде се разговара за прашања кои се суштински за иднината на човештвото.
Сакам да го направам „Твитер“ подобар од кога било со подобрување на производот со нови функции, правење алгоритми со отворен код за да се зголеми довербата, да се победат спам-ботовите и да се потврди автентичноста на сите луѓе.
„Твитер“ има огромен потенцијал. Со нетрпение очекувам да работам со компанијата и заедницата на корисници за да го отклучам тој потенцијал – порача Маск.
🚀💫♥️ Yesss!!! ♥️💫🚀 pic.twitter.com/0T9HzUHuh6
— Elon Musk (@elonmusk) April 25, 2022
Илон Маск е познат како апсолутист по прашањето за слободата на говорот и постојано истакнува дека страшно му пречи цензурата што се случува на социјалните мрежи:
Да го браните правото на некој што лично не ви се допаѓа да кажува работи што исто така не ви се допаѓаат е слобода на говор и под тоа не може да се оди – порача извршниот директор на „Тесла“ и „СпејсИкс“ во неодамнешно интервју.