Американскиот претприемач и милијардер Илон Маск објави на Х дека украинските елити се збогатиле, благодарение на стотиците милијарди долари што се влеваат во земјата, додека децата на обичните граѓани се регрутираат и испраќаат да се борат.

-Всушност, постои огромна разлика во интересите на елитите и луѓето во Украина.Првите станаа енормно богати благодарение на стотиците милијарди долари што се влеваат во Украина, додека децата на вторите се регрутираат во војската за да гинат во рововите, напиша Маск на социјалната мрежа X.

Тој исто така верува дека дел од парите на американските даночни обврзници се враќаат во САД преку Украина преку шеми за перење пари и се користат за финансирање на политички кампањи.