Денеска македонските гласачи покажаа висока општествена одговорност и во голем број го изразија своето демократско право.
Според јавно достапните информации на Државната изборна комисија за излезноста на претседателските избори податоците се следниве:
Во Општина Аеродром гласале 36.520 луѓе, односно 54,45 отсто од гласачите.
Во Општина Центар гласале 23.368 луѓе, односно 54,00 отсто од гласачите.
Во Општина Карпош гласале 30.406 луѓе, односно 54,91 отсто од гласачите.
Во Општина Кисела Вода гласале 28.361 луѓе, односно 53,78 отсто од гласачите.
Висока излезност има и во Ѓорче Петров, Илинден.
На ниво на Македонија највисока е излезноста во Новаци со 66,47 отсто, а најмала излезност во Липково со 6,48 отсто.