На 25.03.2023 во 12.00 часот било пријавено дека во село Сачево–струмичко, на место викано Аџимерки, В.Т.(58) од истото село, додека извршувал земјоделски работи со трактор на сопствената нива, во која имало редови со метални цевки за фолии, се здобил со повреди, по што починал на местото на настанот, информира МВР.

Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Струмица, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на семејството