Како што изјави за МИА директорот на Болницата, Баки Алили, А.И. имал прострелна отворана рана во горниот десен дел на абдоменот и во горниот дел на десниот бубрег.
Немилиот настан се случил на улицата „Вељко Влаховиќ“, во близина на Саат кула џамијата, а едно лице, осомничено за „убиство во обид“, е приведено.
-Околу 22:00 часот во нашата установа, со возило во приватна сопственост, беше донесено лицето А.И. со прострелна отворана рана во горниот десен дел на амдоменот и во горниот дел на десниот бубрег. Поради сериозноста на повредите, по дадената прва помош и терапија, повредениот го транспортиравме во најблиската установа, односно во хирушкото одделение во Охрид, рече Алили.
Според него, пациентот бил во свесна состојба и контактибилен.
Настанот е пријавен во Одделенито за внатрешни работи од каде потврдуваат дека е приведено едно лце под сомнение дека е сторител на казненото дело „убиство во обид“. Се преземаат мерки за целосно расветлување на случајот.