Во товарно возило на регионалниот пат Демир Капија-Неготино биле откриени илегални мигранти, соопшти полицијата. Возачот не застанал на полицискиот знак и продолжил со движење а потоа запрел и го напуштил возилото, велат од МВР.

Настанот се случил вчера во 14.30 часот на регионалниот пат Демир Капија – Неготино, кога полициски службеници дале знак за запирање на товарно возило „цитроен џампер“, со скопски регистарски ознаки, но возилото продолжило со движење.

Набргу потоа, возачот го запрел возилото и го напуштил местото, а при преглед во возилото биле пронајдени 17 лица илегални мигранти.

Тие биле пренесени во Прифатниот центар „Винојуг“ во Гевгелија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат надлежните.