Една од жртвите, седуммесечна бремена жена, го загуби своето бебе по здобиените повреди, јави весникот Ла Вангуардија, повикувајќи се на полициско соопштение.
Друга жртва е тешко повредена, со четири куршуми. Неговата девојка изјавила во полиција дека се сомнева дека сторителот е нејзиното поранешно момче, кое неодамна излегол од затвор.
Според полицијата, другите три жртви се само полесно повредени. Во тек е потрага по сторителот, велат тие.
Исто така, не е исклучено дека инцидентот може да биде расчистување на сметки меѓу улични банди.