Тој се осврна и на натпреварот против Реал Мадрид во осминафиналето на Лигата на шампионите.

– Единствено што можам да кажам за претстојниот натпревар помеѓу Реал Мадрид и ПСЖ е дека ние ќе победиме. Нè очекува многу тешка пресметка. Во 2022 година сакам да ја освојам и Лигата на шампионите и Светското првенство, изјави францускиот репрезентативен напаѓач.

Мбапе на вчерашната манифестација во Дубаи, беше прогласен за фудбалер на годината од страна на „Globe Soccer Awards“.