Таа со тешка клиничка слика пред три дена била префрлена на скопските клиники, каде што и починала. Била вработена во матичната служба, потврдија од Општата болница во Кичево, од каде информираа дека сестрата не била вакцинирана против Ковид 19.

Ова е трет случај на починат од ковид за краток период во овој град, откако претходно починаа двајца постари жители на градот 72 и 74 години.

-И во трите случаи пациентите починале во болниците во главниот град, потврдија од кичевската болница.