Денеска Реал Мадрид достави втора понуда за Мбапе, 170 милиони евра плус дополнителни 10 милиони во бонуси која ПСЖ ја одби, но потоа на сцена стапи самиот фудбалер. Имено, Мбапе на денешната средба со челниците на ПСЖ им порача дека нема намера да потпише нов договор и доколку не ја прифатат понудата на Реал Мадрид, тогаш идното лето ќе си замине како слободен играч. Поради ова, ПСЖ ќе ја прифати понудата на Мбапе.

„Марка“ пишува дека трансферот во наредните часови треба да биде официјализиран и најверојатно новиот „галактикос“ утре ќе пристигне во Мадрид на лекарски прегледи.