Абдала е десетта вакцина против Ковид одобрена од Федералната комисија за заштита од здравствен ризик за употреба во Мексико.

Кубанските вакцини се базираат на рекомбиниран протеин, технологија што ја користат и американската фармацевтска компанија Новавакс и француската Санофи. Според кубанските научници нивната ефикасност е над 90 отсто.

Надвор од Куба, Абдала е одобрена во Никарагва, Виетнам и Венецуела, која веќе има потпишано договор со Хавана за набавка на 12 милиони дози.