Во полициска акција, што ноќеска се одвиваше во кај Фоча, е убиен маж, кој неколку часа претходно пукаше на автомобил, и уби 10. годишно дете.

Убиецот Б.Т. до последен момент одбивал да се предаде, а откако е лоциран во зградата на шумата Маглиќ, е опколен и повикан да се предаде, при што дури се обидел да активира рачна бомба, пренесе порталот Аваз.ба.

Сараевскиот портал Кликс објави дека се работи за ментално болен маж од селото Заваит кај Фоча кој усмрти дете во автомобил на регионалниот пат Фоча-Заваит-Челебиќи.

Неофицијално се дознава дека осомничениот зел како заложник постар маж и наводно давал отпор пукајќи во правец на полицијата и фрлајќи бомби.