По ангажманите на Ромелу Лукаку и Мејсон Гринвуд, турскиот клуб Фенербахче ќе се обиде да го обезбеди потписот на турскиот репрезентативец Хакан Чалханоглу, кој нема желба да ја продолжи својата професионална кариера во Италија. Договорот со неговиот сегашен клуб истекува следното лето и иако раководството на „нероаѕурите“ сака да го задржи во своите редови, тој засега не планира да остане во Милано.

Фенербахче веќе подготви понуда вредна десет милиони евра за да го купи 32-годишниот плејмејкер уште во текот на претстојниот јануарски преоден рок. Ова воедно претставува и последна шанса за тимот на Интер да оствари финансиска заработка од неговото заминување, со оглед на тоа што фудбалерот би можел да замине како слободен играч без обесштетување во јуни.

Чалханоглу во тековната сезона постигна три гола на 13 одиграни натпревари за составот на Интер. Тој во клубот пристигна токму од градскиот ривал Милан, додека во претходниот дел од кариерата настапуваше во германското првенство за екипите на Баер Леверкузен, ХСВ и Карлсруе.