Претседателот на Германија, Франк Валтер Штајнмаер по конститутивната седница на Бундестагот на која присуствуваа и канцеларката со членови на владата, во дворецот Белви ѝ го врачи указот за разрешување од должноста.

Според Членот 69 од уставот на Германија, мандатот на сојузниот канцелар односно министерот престанува со конституирањето на новиот состав на Бундестагот.

Меѓутоа, имајќи предвид дека Бундестагот сè уште не избра нова влада, Штајнмаер од Ангела Меркел побара да ја врши должноста сè до именувањето нејзин наследник.

Владата останува на должност, но како техничка.

Откако го доби разрешувањето, Меркел веднаш се врати на своето место. Штајнамер ја повика назад за да се фотографираат.

Германскиот претседател ѝ се заблагодари на Меркел на 16-те години минати на чело на владата за време на кои, како што истакна, придонела Германија да стекне почит во Европа и во светот.