Меркел се повлекува од политиката по 16 години минати на власт како канцеларка, а нејзиниот конзервативен блок ЦДУ/ЦСУ замина во опозиција откако на минатомесечните парламентарни избори го постигна својот најлош изборен резултат во историјата. Нивните главни ривали, социјалдемократите од левиот центар, сега преговараат за коалиција со либералните Слободни демократи (ФДП) што го поддржуваат бизнисот, како и еколошките Зелени. Нивната цел е до почетокот на декември да го назначат министерот за финансии и вицеканцеларот Шолц за канцелар, соопштија вчера партиите.
На прашањето што мисли за тоа што социјалдемократ наскоро повторно ќе ја предводи земјата, Меркел рече: “Се разбира, ќе има политички разлики. Но, ќе можам мирно да спијам”, ја цитираат француските медиуми нејзината изјава.
Ветеранката, исто така, кажа дека под канцеларската палка на Шолц таа не очекува големи промени во фискалната политика на земјата, која е горда на буџетското штедење.
-Како чувар на финансиите на земјата од 2018 година, Шолц не остави впечаток на политиката на „олабавена чанта“, рече Меркел.