Најновите податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека инфлацијата во октомври 2026 година изнесува 3,3 отсто на годишно ниво, додека месечниот раст е 0,4 отсто. Ваквите движења укажуваат дека инфлацијата и натаму се движи во рамки на релативна ценовна стабилност, без изразени месечни ценовни притисоци.

Министерството за економија и труд континуирано ги следи ценовните движења, особено кај основните прехранбени производи, и ќе продолжи внимателно да ја анализира состојбата на пазарот. Доколку се утврдат неоправдани ценовни зголемувања или дополнителни притисоци врз животниот стандард, во координација со надлежните институции ќе се разгледа потребата од преземање соодветни мерки.

Нашата цел е да се зачува стабилноста на пазарот, да се заштити куповната моќ на граѓаните и навремено да се реагира доколку пазарните движења го наложат тоа.