Јужноамериканското дерби беше прекинато по само три минути игра на стадионот во Сао Паоло поради кршење на Ковид-19 протоколите за карантин.
Бразилски здравствени претставници влегоа на теренот и побараа од тројца аргентински репрезентативци, Кристијано Ромеро, Џовани Ло Селсо и голманот Емилијано Мартинез, да го напуштат стадионот и државата поради кршење на правилата за задолжителен карантин.
– Дојдовме во Бразил со намера да играме фудбал. Пристигнавме и никој ништо не нè информираше дека нешто такво може да се случи. Доколку сакаа, можеа да не депортираат пред три денови, кога пристигнавме. Ова е катастрофа, изјави Меси за аргентинските медиуми.