Шверцерски закон кој што има за цел тие кои што се лојални и плаќаат даноци и обврски кон државата да плаќаат повеќе а да ги штити оние кои што не се лојални граѓани кон Македонија и кои онака до сега не ги плаќале своите обврски и даноците кон државата, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање кој е неговиот став за солидарниот данок кој владата на СДС и ДУИ ќе го турка со европско знаменце.
Мицкоски рече дека владата на ДУИ поддржана од измеќарот СДС е мајка, а за други маќеа и тоа граѓаните го чувствуваат.
За едни оваа влада на ДУИ поддржана од помалиот измеќар СДСМ е мајка, а за другите не е мајка, односно за едните има цел да ги штити, а за жал другите има цел да продолжи да ги угнетува. И за тоа сум убеден дека граѓаните го гледаат и го чувствуваат и јасно ќе зборуваат на следните избори кои што за неколку денови од денеска ќе се случат, вели Мицкоски.
Претседателот Мицкоски посочи дека солидарниот данок е само дополнителен данок врз џебот на лојалните граѓани кои редовни ги исполнуваат обврските и плаќаат данок, на сметка на оние кои тоа не го прават, кажувајќи пример дека негов пријател на Пластичарска улица платил не само што не добил фискална сметка за купен производ, туку платил во евра.
Ова не е солидарен данок, ова е дополнителен арач врз оние кои што се лојални граѓани во Македонија, а не за оние кои што не се лојални и кои што денеска се, би рекол главните творци на сивата економија во Македонија. Постојат многу места во Македонија кои што се сива зона, нема фискални сметки каде што луѓето се уште не добиваат фактури, туку плаќањето е исклучиво во кеш. Еве јас ќе ви кажам еден пример, мој пријател пред некој ден ми се јавува и ми вели за прв пат во центарот на Скопје се чувствувам како вистински европеец и го прашувам како, дали чувствуваше дека има некаков напредок во квалитетот и вели на пластичарска платив во евра и не само што не добив фискална сметка, туку извадив евра од џеб и во евра ми вратија кусур. И сега наместо тие таквите оваа држава да ги санкционира, тие се повластени, тие не смееме да ги задеваме, туку овие кои што плаќаат е на тие ќе им дадат дополнителен данок и ќе го именуваме како солидарен, заклучи Мицкоски.