Според Мицкоски, ова треба да се случи уште сега во јуни.

– Премногу жртви, премногу понижувања и омаловажувања истрпевме во овие 30 години независност и преговорите треба веднаш да почнат, рече Мицкоски.

Тоа треба да му е јасно на секој еден политичар во Брисел и на сите членови на Европскиот Совет.

– Ако нашата влада повеќе работеше на реформите, ќе имавме многу повеќе аргументи на наша страна, заврши Мицкоски, додавајќи дека во моментот целиот притисок е врз Зоран Заев.