Христијан Мицкоски во своето обраќање на денешниот Конгрес, покрај другото, ги дефинираше и целите на партијата:

-Да постигнеме економски стандард како во една Австрија.

-Намалување на персоналниот данок и на данокот на добивка на 8%.

-Персоналниот данок за млади луѓе да биде 0%, а секоја година по стабилизирањето на економијата да имаме раст до 5%.

-Да постигнеме едноцифрена невработеност.

-Во образованието да имаме универзитет во првите 500 според Шангајската листа

Нашата цел и визија како партија ќе биде да се бориме во една временска дистанца да постигнеме економски стандард како во една Австрија. Нашата цел како дел од тој нов договор и консензус е намалување на персоналниот данок и на данокот на добивка на 8%. Персоналниот данок за млади луѓе да биде 0%, а секоја година по стабилизирањето на економијата да имаме раст до 5%, ова денеска преку својот говор го истакна Христијан Мицкоски.

-Да постигнеме едноцифрена невработеност. Во образованието да имаме универзитет во првите 500 според Шангајската листа, бидејќи денес за жал немаме ниту еден во првите илјада. Да регулираме пазар за трговија со криптовалути, трговија со примена на блокчејн технологија. Да работиме на достигнувања и развој на вештачката интелегенција, роботиката, иновациите. Да понудиме оддржливи решенија кои ќе бидат патентирани во европски рамки. Да влеземе во отворена војна против корупцијата и наместо сегашното 111то место на листата на Транспсренси да влеземе во првите 50 држави што се борат против корупција со објективни резултати од корист за нашите граѓани. Наша цел и наша визија е да создадеме систем во земјоделството на сигурен откуп за земјоделците и извоз на производител нешто што 3 децении не го правиме. Во културата да се вмрежиме, да станеме дел од европските збиднувања. Македонија има што да каже на овој план. И најпосле, да доживееме Македонија да стане дел од Европската Унија. Ова не е сон, ова е наша цел. И покрај огромната победа што ја имавме на локалните избори, историски највисока во број на освоени градоначалници во ваков модел, сепак мора да покажуваме скромност и определба да ја заздравиме поделеноста која го кочи нашиот прогрес. Како што Линколн еднаш кажа, во времиња на огромна поделеност на неговата држава, ние не сме непријатели туку пријатели. Не смееме да бидеме непријатели. Страста и енергијата во политиката можеби нè одделија, но не смеат да ги раскинат нашите врски на сочувство, вели Мицкоски.

Тој додава дека до тие кои не гласаат за нас, и чија поддршка морам допрва да ја заслужам, сакам да им упатам јасна порака, можеби не го добивме вашиот глас на локалните избори, но го слушам вашиот глас, потребна ми е и вашата помош, јас и сите ние безрезервно ќе работиме за вас. До сите оние што ги чекаат моите пораки од различни страни, домови, канцеларии, тука и надвор, и до најдалечните места од нашата земја и меѓу нашата дијаспора, нашите приказни се лични, одвоени, но нашата судбина е споделена, заедничка, нова ера на македонско лидерство доаѓа, нова генерација со заеднички вредности и стравови, но и силна неприкосновена волја за промени!