Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од денеска па во наредните два дена, заедно со потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Александар Николоски и секретарот за меѓународна соработка Тимчо Муцунски ќе бидат во посета на Брисел.
Како што најавија од партијата, се очекуваат и билатерални средби со повеќе политичари и носители на процесите важни за стратешките интереси на земјава, врзани со европските интеграции.
– Посетата доаѓа во време кога државата предводена од Заев доживува уште една блокада на патот кон ЕУ, како и фактот што Европската Унија има и забелешки за криминалот на владата и недостатокот на владеење на правото, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата најавија дека ќе учествуваат и на парламентарното собрание на Европската Народна Партија.