Денеска (25.07.2023) , претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски во рамките на активноста „Ова е Македонија за сите“, во 10:00 часот ќе присуствуваат на увид на градежни активности на паркингот на Спортската сала ,,Боро Чурлевски“.

Во 10:30 ќе изврши увид во градежни активности на Офицерскиот дом-партерно уредување, при што од страна на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ќе биде дадена изјава за медиуми.

Во 11:00 часот ќе има прошетка низ Широк Сокак во Битола.