Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска ќе ја посети општина Велес.
Како што е најавено, заедно со градоначалникот на општина Велес, Марко Колев во рамките на активноста „Промените се случуваат, секогаш со народот“, ќе извршат увид во градежните активности на улица д-р Христо Татарчев во општина Велес.
По настанот предвидена е изјава од Мицкоски.