Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски, денеска на покана на група граѓани од Прилеп се сретна со дел од иницијативниот одбор за формирање на граѓанското здружение „За Наш Прилеп“ и ги сподели со нив искуства на граѓанската иницијатива „За Наше Куманово“.

Во следниот период од нивна страна е најавено регистрирање на вакво граѓанско здружение кое што ќе работи од прилепчани за прилепчани за афирмација на политиките на здружението и подобри услови за живот на сите граѓани во Прилеп и во Македонија. Драги пријатели, храбри луѓе, нека ви е со среќа и успех за вашата идеја да се преточи во реалност“, истакна Димитриевски.