Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на вечерашниот митинг во општина Илинден ги прозва ДУИ и СДСМ дека како што се договараат за тендери и криминални зделки, така се договориле и за да нема одговорност за пожарот во модуларната болница во Тетово каде живи изгореа 14 луѓе.
Толку се нервозни што почнаа меѓу себе да се тепаат по улици, очи да си вадат. Кога ДУИ и СДСМ ќе се договорат за 14 изгорени луѓе од Тетово, сложно викаат дека крив е кабелот, кога не може да се договорат за бизниси делат тупаници среде Скопје. Заев и неговите во оваа кампања се надминуваат себеси. Ако претходно секој ден имаше по еден до два скандали сега се веќе три до четири дневно . Кулминира лудилото, ароганцијата и опиеноста од моќта на владењето, зачинето со страв од пораз па почнаа да се распаѓаат по сите шавови, потенцираше Мицкоски.
Затоа драги пријатели 17 октомври е денот кога сложно треба да ставиме крај на ова лудило, порача Мицкоски.