Темата не е завршена, темата почна. Темата додека нема одговорност нема да заврши. Јас нема да завршам додека нема одговорност, нагласи Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, во гостување во дуелот на „Само вистина“ на Канал 5 телевизија, говорејќи за трагичната несреќа во Тетово.

Мицкоски додаде дека нема само да има морална одговорност туку и поинаква.

„Не само морална, туку и поинаква одговорност и политичка и лична“, истакна Мицкоски на Заев.

Мицкоски посочи дека несреќата во Тетово се случи поради неспособноста на власта. Власта наместо да се грижи за здравјето на граѓаните посегнале по пари.