Премиерот Зоран Заев вечерва во ТВ Дуелот со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски рече дека денешната негова изјава не е точно пренесена.

„Јас не реков дека банална е трагедијата во Тетово, реков дека е банално да се зборува дали има некој од СДСМ кој може да ме смени“, изјави Заев.

Заев повторно ги негира своите изјави. Повторно порача дека ќе ја почека истрагата за катастрофалниот пожар во модуларната болница во Тетово.

„Целата нација жали. Одговорноста е голема. Сакам да ги знам деталите од истрагата, а експертите ќе ги кажат точните причини од што настанал пожарот. Во услови на пандемија, Филипче и Хасани досега сработија сериозни предизвици да се справат со пандемија. Банално е да ми поставуваат прашања дали некој од СДСМ би ме наследил“, истакна Заев