Партијата ВМРО-ДПМНЕ ќе ги одмрзне односите со претседателот.
Двете теми на кои што ќе се разговара на средбата се случувањата од 27 Април и актуелната политичка и економска состојба во која се наоѓа нашата држава.
Во едно свое неодамнешно телевизиско гостување, претседателот Пендаровски рече дека осудените за случувањата на 27 април треба да одговараат за претепување, а не за тероризам. Тој тогаш нагласи дека би се согласил со ново судење за овие осудени лица.