Задоволство е секогаш да се биде дел од нешто што се гради. Ја користам оваа прилика да му честитам на Тони, на советниците од коалицијата која што ја предвиди ВМРО-ДПМНЕ за сето она кое што и покрај отежнатите услови се случува овде во Битола. И покрај сите оние ситни политиканства кои што се водат во советот на општина Битола, а имајќи ја во предвид и оваа криминална и ненародна влада на ДУИ поддржана од помалиот коалиционен партнер на СДСМ, сепак тие наоѓаат начин како да реализираат проекти кои што беа дел од програмата која што беше претставена пред битолчани во 2021 година.

Исто така би сакал да им честитам и на пратеничките од тука од Битола кои што при секое носење на буџет, при секој ребаланс се обидуваат да додадат вредност овде за Битола, некој проект повеќе. Но, за жал од страна на владата нема разбирање за Битола и битолачани затоа што градоначалник е Тони Коњановски на предлог на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, и они на тој начин ги казнуваат битолчани, сега ќе видите бидејќи вие не гласавте за нашиот кандидат, сега ние вас ќе ве казнуваме, кажа Мицкоски.

Исто така сакам да им честитам на луѓето кои што ги управуваат јавните претпријатија бидејќи голем дел од овие активности како што разбрав од градоначалникот се прават со сопствени средства односно локалната самоуправа. Тоа се луѓето кои што ги управуваат и менаџираат и навистина даваат над човечки напори да се стигнат оние рокови кои што се предвидени за да се завршат овие проекти.

И тој ќе опфаќа многу улици, многу нов асфалт, ќе опфаќа канализација, ќе опфаќа водоводни мрежи, спортски комплекс кој што е ветуван и кој што конечно треба да биде направен. Она кое што можеби ќе ги израдува најмалите тоа ќе биде базен кој што го планираме конечно да се направи тука, влезот од Прилеп, влезот од Ресен итн, значи градинка, училиште кое што му е потребно. И сето тоа ќе бидат проекти кои што идната влада на ВМРО-ДПМНЕ планира да ги инвестира овде во Битола и на тој начин да го олесни животот на битолчани и да го направи достоинствен онака како што Битола заслужува, кажа тој.

За мене секогаш е чест и задоволство да бидам овде во Битола, како што кажа и градоначалникот често сум овде и разговараме за сите актуелни теми, разговараме за предизвиците и разговараме за оние политиканства кои што се водат на локално ниво од страна на ново формираната коалиција Левица, Поинаку и СДСМ. Но, се надевам дека заеднички ќе ги надминеме сите овие предизвици и Битола ќе биде на битолачани, нема да биде ниту на Тони, ниту на Христијан, ниту на ВМРО, ниту на СДСМ. Битола е на битолчани и како така треба сите да се однесуваме зрело, одговорно, затоа што никој нема поголемо право од битолчани на Битола.