Петнаесетгодишно девојче од Куманово е пријавено за исчезнато, откако на 29 октомври, околу 18 часот, се оддалечило од семејниот дом.

Според информациите од кумановската полиција, случајот бил пријавен во СВР Куманово на 30 октомври 2026 година, во 23:30 часот. Исчезнувањето го пријавил нејзиниот 28-годишен брат.

„На 30.10.2026 во 23:30 часот во СВР Куманово, А.А. (28) од Куманово пријавил дека на 29.10.2026 година, околу 18:00 часот, од домот се оддалечила неговата 15-годишна сестра“, информираат од полицијата.

Од СВР Куманово соопштуваат дека се преземаат мерки и активности за пронаоѓање на девојчето.

Засега не се соопштуваат дополнителни информации за околностите под кои таа се оддалечила од семејниот дом.