Jа користам оваа прилика на сите граѓани во општина Свети Николе да им го честитам овој ден, денот кога е извојувана победа и кога е ослободен градот Свети Николе од бугарскиот фашистички окупатор. Ден кој што многу значи во меморијата на светиниколчани и ден кој што навистина свечено се одбележува овдека, така беше и онаа свечена академија на која што имав можност да присуствувам, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Во текот на денот заедно градоначалникот, со луѓето кои што се дел од општинската администрација, со пратеникот во Парламентот ќе посетиме неколку објекти кои што се завршени или се во тек на реализација. Проекти кои што се дел од програмата, а која што беше презентирана пред светиниколчани за време на изборите во 2021 година.

И навистина можам да кажам дека и покрај сите опструкции, покрај целиот оној притисок кој што Општина Свети Николе го почувствува од страна на Владата на ДУИ и СДСМ, или СДСМ и ДУИ, како ви е полесно.

Сепак заедно со дел од советниците, администрацијата, се разбира тука е и огромно залагањето и на пратеникот Ласовска во рамките на Парламентот да обезбеди амандман повеќе, да обезбеди средства повеќе кои што би инвестирале овдека во Свети Николе, и на тој начин да се реализираат што е можно повеќе за жителите на Свети Николе. Но, за жал имаме работа со Влада таква каква што имаме, која што ги казнува сопствените граѓани. Зошто? Затоа што на изборите во 2021 година не ја поддржале оваа криминална политичка гарнитура на ДУИ и СДСМ, туку гласале за Коалицијата која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ и гласале за мнозинство во Советот, гласале за градоначалник овдека во Свети Николе.