– Работата не е да направиме коалиција за власт, туку коалицијата на народот против Заев. Од тука, точката на нашето обединување е да дадеме отпор кон власта и да ја кренеме урнисаната држава на нозе. Но затоа е потребен свесен народ, и политичари кои ќе гледаат подолгорочно од своите апетитите и интереси. Затоа обединувањето во еден блок против Заев ќе биде жесток шамар за власта која ќе падне за неколку месеци по локалните избори. И само така ќе може да ставиме точка на криминалот, на тапкањето во место и да обезбедиме иднина за сите, да обезбедиме Македонија за сите луѓе. Блок на различни, но со една цел, туркање на оваа власт. Овие локални избори не се само избори вие што мислите за локалните авторите и медиокритети коишто се залегнати во своите фотелји, туку каква порака ќе испратите на тие кои упорно ги кандидираат и ги навредуваат вашиот ум и вашата интелигенција, рече Мицкоски.

Тој појасни обединувањето значи да надминување на разликите во опозицијата.

(🔴Во живо) Обраќање на Христијан Мицкоски, Чествување Илинден Ташмаруништа

(🔴Во живо) Обраќање на Христијан Мицкоски, Чествување Илинден Ташмаруништа

Posted by infomax.mk on Monday, August 2, 2021

– Немаме повеќе животи за трошење. На една маса мораме да седнеме сите на кои Македонија ни е важна и таквата подадена рака ќе значи свесен чекор и одговорност спрема народот. Народот ќе ја види разликата. Една прачка лесно се крши, но цел сноб прачки е силен како греда. Затоа тука од Ташмаруништа, на ден Илинден испраќам порака на обединување, на нешто што е многу повеќе од коалиција за власт, туку обединување на блок, составен од обесправени, жедни за правда и добар живот против власта која ги краде нашите животи и ја одзема иднината. Илинден обедини генерации Македонци за слобода, испраќам апел за обединување против оваа корумпирана и криминална власт и рушење на локалните избори, посочи Мицкоски

За крај, Мицкоски истакна дека Илинден е светост и посебно чувство за секој Македонец.

– Тоа е нашата голгота, без која немаше да има слобода. Нашата карпа врз која ја темелиме нашата куќа Затоа како Македонци, како родољуби се поклонуваме на делото. Македонија е повеќе од земја, тоа е нашата љубов, нашата мајка, нашето семејство. За нејзе вреди се, За нејзе ќе направиме се, посочи Мицкоски.