Изјавите на премиерот Зоран Заев, треба да се земаат со резерва од страна на јавноста, бидејќи се менуваат од час во час, потенцираше Мицкоски во своето денешно обраќање.
-Претпоставувам сите негови изјави треба јавноста да ги слуша со резерва, бидејќи тоа се изјави кои се менуваат од час во час, еден ден е премногу. Така што, фактичката состојба во моментов е 60 пратеници против оваа Влада, 59 ја поддржуваат и 1 пратеник за кој не знаеме каде се наоѓа“, ијзави Мицкоски.