Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија во нејзините настојувања за приклучување на Европската унија, на пповршината ги истакна лагите на акруелната власт дека се фокусирани на европската агенда, оцени во неделата претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско барање за коментар.
Мискоски додаде дека наместо на реформи, претставиците на власта се фокусирани на лажење и крадење и на потпишување на предавнички договори, по што се гледа дека во 35 поглавја не само што нема напредок, туку нотирано е назадување.
Овој извештај е класичен пример на сите лаги на власта дека се фокусирани на европската агенда. Тие се фокусирани само на лажење и крадење и потпишување на предавнички договори. И претпоставувам во нивната матрица тоа претставува напредок кон Европската Унија. За разлика од вистината содржана во извештајот каде што повеќе од 35 поглавја констатирани се назадувања и тоа навистина е поразително за Македонија, за владата, за сите нас“, истакна Мицкоски.
Изрази надеж дека набргу оваа влада ќе биде минато и дека на чело на Македонија ќе дојде нова Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ која ќе ги води онака како што треба патот до членство во ЕУ.
И се надевам дека набргу оваа Влада ќе биде веќе минато и ќе дојде нова Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, која што ќе биде по амбициозна и навистина ќе го изоди како што треба патот кон полноправно членство во рамките на Европската Унија“, рече Мицкоски.