-Ние треба да го локализираме изворот на проблемот, а ова е токму тоа договорот кој што го има Република Македонија потпишано со Република Бугарија, тој август месец 2017-тата година. Од тој договор практично потекнуваат сите проблеми, бидејќи ние и тогаш реагиравме како политичка партија и како луѓе дека е избрзан и дека тој договор практично не е решение, туку напротив ќе претставува проблем што потоа низ годините се виде дека е проблем, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски во гостување во централниот дневник на Сител телевизија.

Мицкоски додаде дека треба да се локализира изворот на проблемот.

-Има поедини размислувања во јавноста околу тоа дали ќе има промена на Уставот или ќе нема, еве и Пендаровски тоа го констатира конечно тоа што јас го најавив, а тоа е дека во моментот под овие околности ВМРО-ДПМНЕ нема да даде поддршка на промена на Уставот, а со цел вклучување на дел од бугарскиот народ во Преамбулата, нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој посочи дека договорот не се гледа низ партиска диоптрија туку низ македонска.