Членството на Македонија во НАТО ја прави полноправен учесник на овогодинешниот Самит на НАТО. Годинава претставници на Самитот се премиерот Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, надворешни работи Тимчо Муцунски и Владо Мисајловски како минситер за одбрана. Од коалицијата ќе допатува и Африм Гаши којшто е претседател на македонското Собрание.

Мицкоски ја предводи македонската делегација на Самитот на НАТО во Вашингтон

Од македонската Влада потврдија повеќекратни состаноци со шефови на држави или влади, но и средба со македонската дијаспора.

Средба со македонската дијаспора – можни инвестиции во државава?

Со новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ македонската дијаспора повеќе не е заборавена. Премиерот Мицкоски информираше дека пред почетокот на НАТО Самитот се сретнал со значајни иселеници кои ќе лобираат за македонските интереси.

Имав одлична средба со Мето Коловски и Обединетата македонска дијаспора со кои разговаравме за поддршка и лобирање за македонските интереси, пишува Мицкоски на Фејсбук.

„Алијансата е поважно од кога било“

Експертите даваат свој став во однос на ова прашање.

Улогата на НАТО во Македонија покажува дека алијансата сега е „поважна од кога било“, вели амбасадорот Нано Ружин за МРТ во пресрет на самитот во Вашингтон, по повод 75-годишнината од формирањето на алијансата.

Според него, членството во НАТО мора да се заслужи, а тоа Македонија го направи со исполнување на условите кои освен модерна одбрана, подразбираат и политичка стабилност во земјата. Токму затоа, Македонија мора да оди напред.

Мицкоски ќе присуствува на средба во Белата куќа

На Самитот македонската делегација ја предводи премиерот Христијан Мицкоски, придружуван од министрите за надворешни, за одбрана и за внатрешни, Муцунски, Мисајловски и Тошковски. Од Владата потврдија низа состаноци со шефови на држави или влади. Мицкоски ќе присуствува на состаноците на северноатлантскиот совет, како и на вечера во Белата куќа.

„Посетата на премиерот Мицкоски има за цел да ги зајакне билатералните односи со САД, да ја афирмира Македонија како стабилен партнер и да ги промовира економските можности на нашата земја пред американските инвеститори“, стои во соопштението од Влада.

Дали ќе има средба Мицкоски – Мицотакис?

Потенцијалната средба меѓу Мицкоски и Мицотакис привлече значително внимание. Грчкиот премиер најави дека ќе го отвори прашањето за почитување на Договорот од Преспа од македонската Влада. Мицкоски рече дека тој се почитува и дека тоа е затворена тема.

Учеството на македонската делегација на Самитот на НАТО ја истакнува нашата посветеност за меѓународна соработка и регионална стабилност.

СДСМ критикува

Новиот лидер на социјалдемократите, Венко Филипче упати низа критики на контото на Христијан Мицкоски. Тој вели дека ВМРО-ДПМНЕ се кити со туѓи перја. Филипче потсетува дека СДСМ ја внела Северна Македонија во НАТО. Од владејачката партија му реплицираа и го потсетија на криминалните тендери заедно со Заеви.