Капиталните инвестиции се на едно многу кататстрофално ниво би рекол, ниско ниво. Зошто? Затоа што прво во владата нема капацитет за проектен менаџмент, да истите тие капитални инвестиции ги води. Видов дека од владата се фалат дека реализирале историски високо ниво на капитални инвестиции минатата 2022 година, но тука забораваат да кажат дека најголемиот дел отпаѓа на онаа рата која што се плати на оние борбени оклопни возила кои што се купија. Тоа не се објекти кои што се започнати за да можеме ние да се фалиме за тие објекти, рече претседателот Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ при денешната негова посета во Неготино.
Мицкоски укажа дека еден ден пред завршувањето на годината, состојбата била повеќе 605 милиони евра буџетски дефицит, тоа ќе го платат граѓаните низ цела Македонија и 465 милиона капитални инвестиции, што значи разликата е буџетскиот дефицит, е поголем за 140 милиони евра од нивото на капиталните инвестиции.
-И самите рековте еден километар автопат немаат изграден, пругите каснат кои што ги ветуваат, но исто така е многу значајно да споменеме дека Ковачевски и останатите во владата споменаа дека важело она правило каде што дефицитот буџетски, тоа е разликата помеѓу приходите во буџетот и расходите односно трошењето, секогаш требало да биде помал од нивото на капитални инвестиции.На 29 декември тоа е практично таму еден ден пред завршувањето на годината, состојбата беше повеќе 605 милиони евра буџетски дефицит, тоа ќе го платат граѓаните низ цела Македонија и 465 милиона капитални инвестиции, значи разликата е буџетскиот дефицит е поголем за 140 милиони евра од нивото на капиталните инвестиции што значи дека златното правило не само што не важи туку и брутално лажат и ги лажат граѓаните исто како што ги лажат и за оваа 2023 година кога напумпале ниво на капитални инвестиции, а во суштина ниту имаат проекти, ниту пак имаат проектен менаџмент за да реализираат во толкав обем капитални инвестиции, кажа Мицкоски.
Претседателот Мицккоски на крај порача дека поради ваквите погубни политики се потребни предвремени парламентарни избори.
-Со други зборови потребни се предвремени парламентарни избори. Ги поздравувам сигналите кои што доаѓаат од дел од пратениците од СДСМ и ДУИ дека навистина треба да дојде крајот и заврши оваа влада, дека треба да дојде влада која што ќе ја избере народот и која што ќе има капацитет да се справи со овие предизвици и да реазлизира што е можно повеќе ваков тип на капитални инвестиции. Се надевам дека нема да бидат применети методите познати, видени во минатото на ова влада на ДУИ поддржана од СДСМ, на притисок врз тие пратеници и ќе ги остават тие пратеници како што даваат сега позитивни сигнали, така и во иднина да продолжат да функционираат во рамките на парламентот се до изгласување на распуштање на истиот и организирање на предвремени парламентарни избори, додаде Мицкоски.