Мицкоски потенцираше дека мерките кои што ги донесоа Караџовски и Филипче пред се се несериозни и непродуктивни, а потоа и наменски. Тој вели дека не може и обајцата да си играат со мерките така како што во моментот им е ним потребно, а цената да ја плаќаат граѓаните. Граѓаните доволно платија, а некои и со сопствените животи, поради неработата и неангажираноста од страна на Филипче и Караџовски.
Мицкоски додаде дека правото на вакцинација е загарантирано уставно право, но исто така е загарантирано уставно право и граѓанинот да не сака да се вакцинира. Тоа не смее никој ниту да го оспори, ниту пак да го силува. Секој човек сам одлучува за тоа дали ќе сака да се вакцинира или нема да сака, а за колективното здравје и одговорноста, решението може да се најде во редовните тестови за ковид-19.
„Караџовски и Филипче најпрво лажеа за набавките на вакцини, па потоа пролонгираа со месеци за тоа кога вакцините ќе дојдат и дали воопшто ќе дојдат, а во меѓувреме огромен број на граѓани се бореа со корона вирусот, а некои за жал и ги загубија животите. Вакцинацијата е неспорна и таа треба да продолжи да се спроведува, но не по цена граѓаните да се присилуваат на нешто кое што не го сакаат, бидејќи до оваа ситуација е дојдено токму поради лошите мерки од страна на Филипче и Караџовски“, заврши Мицкоски.