Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на поставување на камен-темелник на доградба на детска градинка „Кокичиња“ во село Таринци во Општина Карбинци.
Како што соопшти владината прес-служба, вкупна вредност на проектот со ДДВ е 19.370.973,00 денари, од кои од Министерство за социјална политика, демографија и млади се обезбедени 13.936.897,00 денари, додека пак од Општина Карбинци се обезбедени 5.091.957,00 денари.