На средбата претседателот Мицкоски беше разговарано за повеќе теми меѓу кои и загрижувачката економска состојба во која се наоѓа земјава. Економските пакети кои Владата ги донесе во изминатиов период беа неразвојни и недоволниз а да одговорат на потребите на граѓаните и стопанството во целост. А со носењето на новиот Буџет во македонското Собрание, кој и ако најголем до сега, власта не само што не понуди економски план за надминување на состојбата, туку непродуктивното трошење продолжува, а инвестициите изостануваат. Македонија има најслаба економија во овој дел од Европа, а граѓаните поради лошите економски политики се се посиромашни.

Во однос на политичката состојба во земјава Мицкоски ја изрази загриженоста што и после два месеци од локалните избори и најавената оставка на Зоран Заев, ресорните министерства и институциите се во целосен хаос и нефункционалност заради политичките апетити и безидејноста на владеачкото мнозинство. Македонија за жал нема стабилни и функционални институции кои ќе ги решаваат проблемите на граѓаните, туку институциите се заложници на корупцијата со која власта потфрли да се справи.

Претседателот Мицкоски порача дека за надминување на кризната состојба која се одразува во секоја сфера на општественото делување, како и политичките неприлики во земјава, но и изразот на незадоволство на граѓаните кое се преслика во резултатот на локалните избори, неопходни се предвремени парламентарни избори.