Премиерот најави дека активно се работи за македонски денар.

„Јас ако се сеќавате уште кога бевме во опозиција зборував за технологии за тргување со криптовалути, дигитални банки, менувачници. Дојдовме до идеја да има дигитален македонски денар, работиме на ова. Не стоиме. Работиме сериозно. Бидејќи полу-легално се тргува од тука. Сакаме да го канализирале во рамките на законот. Но има премногу работи кои треба да се усогласат, за да дојдеме до конечниот производ“, рече Мицкоски.

Според него, иднината за развој е токму во дигиталните техонологии.