Не може Владата да ги третира судиите како граѓани од прв ред и да им ги покачува платите на нула проценти успешност во борба против криминалот, во исто време кога судската полиција е на минималец, со пиштоли кои не работат и искинати униформи, а докторите кои секој ден се во првите борбени линии против пандемијата не може да ја добијат покачената плата којашто им ја ветуваа со месеци, посочи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил. Тоа е дел од неговиот говор по повод 31 година од постоење на партијата.