„Зоран Заев во писмото кое го напишал и испратил до неговото членство, на индиректен начин вика дека тие што не гласале за него, биле злото. Јас не мислам така, јас велам тие 400 илјади кои излегоа и не гласаа за Заев и тие милион гласачи кои одлучија да останат дома не се никакво зло, тоа е Македонија. Тоа е Македонија која бара помени и иднина. Македонија која се обединува против Заев и вели доста е. Доста е од се што до сега видовме, истакна Мицкоски.

Рече и дека со Заев како премиер, Шилегов како градоначалник и СДСМ како власт. сосема е извесно дека може да има прогрес само на криминалите, тендерите и неисполнетите ветувања, како и зголемување на бројот на аферите кои се случуваат неколку десетици неделно, на лагите, разочарувањата, а власта не сфатила ништо, туку продолжува со уцените, заканите, со злоупотребите на полицијата во изборите, со купување на гласови, со потценување на народот, со третирање на гласовите како да им се во џеб и нивна приватна сопственост.

„И додека целата кампања Заев додека збореше за минатото, за некакви минати времиња, сеништа, ни лепеше етикети, само формално велеше дека му се обраќа на народот, народот во неделата му се обрати на Заев. Следното обраќање на народот следува на 31 октомври кога во огромно мнозинство треба да излезе и да се определи за нова иднина.

Мицкоски посочи дека клучот е во излезноста, како и тоа дека негативната кампања не треба да ги одврати граѓаните, затоа што власта само со нивниот поткуп и притисоци имаат намера да го обезвреднат гласот на граѓанинот.

„Одговорот мора да е масовна излезност, бидејќи сме на само на чекор од целта. Победа за нова иднина. Победа за нов почеток и нова надеж“, порача Мицкоски.