Запрашан за коментар во врска со неодамнешната автобуска несреќа во Бугарија, во која трагично загинаа 45 лица, Мицкоски вели:

-Овие луѓе коишто се сега во власта, односно оваа коалиција, СДСМ – ДУИ, работи на разнебитување и урнисување на системот. Тој денеска е нефункционален, а последиците од систем којшто е трул и нефункционален ги гледаме секојдневно. Така беше и со трагедијата во Ласкарци, тогаш беше друга транспортна компанија, така беше и со модуларната болница, таму имаме виновен продолжен кабел, така и сега на експресниот пат „Струма“, кога 45 луѓе го загубија својот живот и повторно нема никаква одговорност, рече Мицкоски