Посетата на Мицкоски во Вашингтон вродува со плодни средби и со високи челници на новата американската влада. Премиерот преку социјалните мрежи штотуку се огласи дека се сретнал со Девид Нунес, Џон Битов и Марко Галина.

Присуството на Мицкоски на инаугурацијата на Трамп – продлабочување на македонско-американските односи

Објавата на премиерот Мицкоски ја пренесуваме во продолжение:

Во Вашингтон имав вечера и одлична средба со Devin Nunes , претседавач со советодавното тело за разузнавање на претседателот Доналд Трамп и извршен директор на Трамп медиумската корпорација, Џон Битов – американски бизнисмен со македонско потекло, сопственик на повеќе мултимилионски компани, Марко Галина бизнисмен и одговорен за МАГА во Португалија и Крис Павловски сопственик на Rumble групацијата.
Разговаравме за можноста за инвестиции во Македонија, за конкретни проекти од бенефит за граѓаните. Меѓу другото ги посочив напорите кои Владата ги дава за стабилизирање на економијата, рекордот кој го остваривме во привлекување на инвестиции во државата и поволностите кои се нудат. Воедно ја искористив можноста за лобирање за македонските интереси и позиции во однос на клучните прашања за нас. Станува збор за високо позиционирани луѓе во американското општество со можност за влијание на прашањата важни за нас.