– Во јуни кога целиот свет велеше дека доаѓа нов бран заради делта сојот, кај нас прогласуваа победа, власта велеше крајот на август, септември е завршено. Погледајте денеска што се случува. Тинејџери го губат својот живот, шокантно е ова што се случува. На кое е ниво моралот кај луѓето, вели Мицкоски.

Тој истакна дека нема ниту еден да застане и да рече дека чувствува морална одговорност и да замине.

– Еден да речеше, ќе мислевме дека има совесни помеѓу нив. Но тоа се заробени луѓе на фамилијата им служат и не разбираат дека други животи губат. Тука нема етничка припадност и партиска, умираат и Македонци и Албанци, и Турци, Срби, Роми, Власи. Солза исто боли и на мајка кој губи и Македонец, и Албанец и Турчин, Србин и Влав. Никој не му текнува да понесе одговорност, рече Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека мора да има одговорност, морален чин при ваква ситуација е оставка, одговорност од тие кои се неспособни да се справат со моменталната ситуација.